Кошаркарската Евролига, денеска ќе го понуди четвртфиналниот дуел помеѓу Монтепаски и Олимпијакос, екипи чии бои ги бранат македонските репрезентативци, Лестер Бо Мекејлеб и Перо Антиќ. Екипата која прва ќе стигне до три победи ќе обезбеди пласман на завршниот турнир во Истанбул.
Овие две екипи и минатата сезона се сретнаа во четврфиналето, а пласман избори Монтепаски, иако на првиот меч го забележа најтешкиот пораз во клупската историја, Олимпијакос победи со 82:41, но на следните три средби победи екипата од Сиена.
Поради економската криза Олимпијакос претрпе многу измени во играчкиот состав, но искусниот стратег Душан Ивковиќ, успеа да го извлече максимумот од екипата и по лошиот старт да го донесе меѓу најдобрите осум тима во Европа.
Лидер на екипата е грчкиот репрезентативец Василис Спанулис, кој е втор на листата стрелци во досегашниот дел од сезоната.
Капитенот на македонската репрезентација Антиќ, на теренот во досегашниот дел минал во просек 19:19 минути, постигнувајќи 7,6 поени на кои придодавал 4,4 скока.
Монтепаски, според играчкиот состав е фаворит во оваа пресметка, тимот е посилен во однос на минатата сезона за искусниот центар Дејвид Андерсен. Токму соработката на надворешната линија со Андерсен е клуч на играта на тимот кој од клупата го предводи Симоне Пијаниџани.
Третиот стрелец и петтиот на листата најкорисни играчи во Евролигата во Евролигата, Бо Мекејлеб е моторот на Монтепаски, во просек по натпревар тој има учинок од 17, 4 поени, 2,3 скока, 2,8 асистенции и 1,5 украдени топки.
ЦСКА Москва е фаворит не само во четвртфиналната серија со Билбао, туку и прв фаворит за освојување на Евролигата. Екипата, на Јонас Казлаускас има забележано само еден пораз во 16-те одиграни натпревари.
Стартната петорка во која Кириленко и Крстиќ речиси беспрекорно го контролираат рекетот, а Теодосиќ диригира со играта, но и „долгата“ клупа се квалитетот на „армејците“.
Билбао се самиот пласман меѓу осумте најдобри го забележа најголемиот успех, во својата куса, 12-годишна историја. До мечот со ЦСКА стигна откако во Топ 16 фазата го елиминира моќниот Реал Мадрид.
Иако аутсајдери кошаркарите на Билбао нема така лесно да се предадат. Во Топ 16 фазата Раул Лопез, Гримау, Мумбру, Фишер и Џексон покажаа дека имаат доволно искуство за да можат да се справат со притисокот.
Натпреварот помеѓу ЦСКА и Билбао ќе за почне во 17:15 часот, додека во 20:45 ќе започне дуелот Монтепаски-Олимпијакос.
Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул „7 Ноември“ &n...
Ален Ќосевски е нов играч на ГРК Охрид Како што информираат од клубот Ќосевски потпиша на 15 сезона со ГРК Охрид Настапува на позицијата десно крило и има 24 години (184цм) Доаѓа по 65 сезони помин...
Одложениот дерби натпреварот помеѓу екипите на ГКК Охрид и КК Вардар во рамките на 10-то коло од Првата лига мажи ќе се одигра денес во СЦ „Билјанини Извори“ – Охрид со почеток во 13 часот Дерби ис...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.