Иако според првите анализи, повредата на нашиот репрезентативец и најдобар играч на Монтепаски, Лестер Бо МекКејлеб, не беше сериозна,  дополнителните снимки покажаа дека Бо има скршеница на левото стапало.


Дуелот со Динамо Сасари од италијанската Лега А последниов викенд, за Монтепаски и МекКејлеб беше навистина баксузен. Победата на фаворитот воопшто не се доведуваше во прашање, но она што ги загрижи сите навивачи на Монтепаски, но и на нашата репрезентација е повредата на најдобриот плејмејкер во Европа.

Најоптимистичките прогнози се дека Бо ќе се врати на теренот за два месеци, откако ќе мине процесот на рехабилитација и зараснување во кој, според клупските доктори, ќе мора да се помири со долготрајно мирување. Повредата доаѓа во лош момент за Монтепаски, кој ќе мора да ја започне Топ 16 фазата од Евролига без својот најдобар играч.  

Навивачите на Партизана нема да имаат приликa на 3. февруари во Арената да го поздрават најзаслужнииот за тоа  што црно-белите играа на фајнал-фор во Евролигата и освоија три трофеја минатата сезона.

Ohridnews