Носечките играчи во македонскиот состав Лестер Бо Меккејлеб и Тодор Гечевски се неизвесни за денешниот меч во втората рунда од осминафиналната група против Словенија. Обајцата се здобија со поситни повреди за време
на мечот со Грузија.
– Гечески и Бо се под посебен третман, додека Мекејлеб
веројатно ќе успее максимално да се подготви за настап, Гечевски е се
уште неизвесен. Расположението во репрезентацијата и натаму е на
највисоко ниво и покрај уморот од густиот распоред – велат од таборот на репрезентацијата.
Лестер Бо Меккејлеб со 21.7 поени по натпревар е петти стрелец на турнирот, додека Гечевски има 9.2 п, и 4.8 скока по натпревар .
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com