– Последниов период се почесто ги има лошите примери за откажување од настап во националниот тим. Па така има откажувања во Србија, Германија, Словенија, Шпанија, Русија…. А, од друга страна големите ’ѕвезди’ убаво би било да се угледаат на Македонецот Лестер Бо Мекејлеб. Некогаш првата виолина на Партизан, а сега член на турскиот Фенербахче, констатно се јавува на повиците од Скопје натопувајќи го својот македонски дрес со пот, и неретко, со крв, на тој начин по којзнае кој пат потврдувајќи ги своите кошаркарски и човечки квалитети. Фактот дека Американецот од Њу Орлеанс има поголеми чувства кон Македонија, од на пример Мачван кон Србија, или Виктор Кријапа кон Русија од друга страна секако загрижува, или можеби е време да ги прифатиме новите трендови на глобализацијата – пишува весникот „Ало“, пренесува „Екипа“.
Со Меккелејб во составот македонската кошаркарска репрезентација стигна до историското четврто место на ЕП во Литванија пред две години.