Дали Мекларен со моторите се Рено се враќа во конкуренција?  Шефот на тркачките операции изјави дека оваа година Мекларен значително добил на брзина. После три години со Хонда, британскиот тим го изгуби целото трпение со јапонскиот произведувач на агрегати. Оваа година започна соработка со францускиот коннцерн Рено. Иако заостануваа со вградувањето на моторот две недели, Ерик Булиер изјави дека сепак фатиле чекор со времето.


Можен, но не и дефинитивен изглед на болидот.

– Моторот на Хонда и моторот на Рено имаат значителна разлика во конфигурацијата и заради тоа моравме да го редизајнираме болидот но сепак успеавме да го надополниме заостанувањето. – истакна Булиер.

Тој истакна дека соработката со компанијата од Вир Шатојон е многу полесна што после мачењето со Хонда минатата година,  во 2018 година ова ќе биде големо олеснување и додаде: – Инсистирав да бидам на првиот брифинг кој го имавме со Рено. Сакав да бидам тука во случај ако нешто не разбираат и сега сум сигурен дека двете страни се среќни. Ќе ни треба некое време за адаптација но сега е многу рано за тоа да се зборува. Можиме да анализираме само од податоците на симулаторот. Кога ги внесовме во смулатор перформансите на моторот од Рено тој покажа подобрување за цела секунда. За кратко тоа ќе го провериме и на патеката.

OhridNews