Третото полувреме на супер дербито во Италија, доби своја разврска. Дисциплинската комисија ги изрече казните за инцидентите за време и по дербито Милан – Јувентус. Најдебелиот крај го извлече “стоперот“ на “росонерите“ Филип Мексес кој заработи суспензија од три меча, за намерниот удар со лакт на Марко Бориело. Французинот ќе ги пропушти натпреварите со Палермо, Лече и Парма.


Без санкции само со опомени поминаа фудбалерите Андреа Пирло, Џорџо Киелини од Јувентус односно Сулеј Мунтари и Марк ван Бомел од Милан. Борбата за титулата во Серија А, остана отворена откако супер дербито на Сан Сиро заврши без победник 1-1.


Мх.П.