Мексико, Швајцарија и Бразил како првопласирани обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство, по комплетирањето на групите А, Б и Ц.
Мексико ја совлада Чешка со 3:0, а Јужна Африка со 1:0 беше подобра од Јужна Кореја и заврши втора во групата А.
Во групата Б, Швајцарија ја победи Канада со 2:1, додека БиХ славеше над Катар со 3:1.
Бразил со 3:0 ја совлада Шкотска, а Мароко со 4:2 беше подобар од Хаити, со што двете селекции продолжуваат понатаму од групата Ц.
Денеска следуваат решавачките дуели Еквадор – Германија и Курасао – Брегот на Слоновата Коска во групата Е, Тунис – Холандија и Јапонија – Шведска во групата Ф, како и Турција – САД и Парагвај – Австралија во групата Д.
OhridNews











