Новиот облик на свински грип(Х1Н1) усмрти 68 лица во Мексико, а со него се заразени уште илјадници луѓе, од кои осум во Соединетите американски држави.


Иако Светската здравствена организација сеуште нема прогласено пандемија, во Мексико се затворени училиштата и музеите и се откажани речиси сите јавни збиднувања.На 20 милионската популација во метрополата на Мексико, војската и дели хируршки маски.Во САД се отворени 7 центри за давање помош, откако 75 ученици од Њујорк се пожалија на симптоми од грип.

Вирусот кој е мешавина од човечки, птичји и свински грип се шири преку воздух, од човек на човек и без контакти со свиња. Симптомите се висока температура, главоболка, вцрвенети очи, треска и кашлање. Отстапува од останатите вируси и ја погодува популацијата на возраст од 25 до 45 години.


Лекарите стравуваат од пандемија, а најдобрата превенција е ставање рака на уста при кашлање и кивање и често миење на рацете.

Директорката на Светската здравствена организација, Маргарет Чен, вчера пристигна во централата на организацијата во Женева за да координира со кризата настаната поради појавата на свинскиот грип.

Ohridnews