Авион од типот „Бичкрафт“, во кој имало петмина, се удрил во трговски центар во близина на аеродромот во Есендон во Мелбурн. Агенцијата АФП, пренесе дека од местото каде што се урнал авионот се издига густ црн чад, Трговскиот центар не бил отворен кога се случила несреќата.

Австралиските власти не го соопштуваат точниот број на загинати, но наведоа дека во леталото кое полетало од Есендон кон островот Кинг имало пет лица.

OhridNews
извор Макфакс