Универзитетот за Информатички науки  и технологии „Св. Апостол Павле“ и компанијата за развој на мобилни апликации Codewell од Скопје, денес потпишаа меморандум за соработка, што се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство.

Меморандумот го потпишаа проф. д-р. Братислав Станковиќ од Универзитетот „Св. Апостол Павле“и управителот на компанијата Цодењелл , Мартин Анчевски.

Целта на овој договор е да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, заемно учество во работилници, професионални и академски средби, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, како и унапредување на едукативните и апликативните активности од областа на информатичките науки и технологии од страна на потписниците.

OhridNews