Дваесет и седмото издание на турнирот во мал фудбал „Богородица Куп 2025″ ќе се одржа од 8 до 28 август. Оваа година турнирот ќе има меморијален карактер и ќе биде посветен на прерано починатиот Крсте Илинкоски.
Крсте беше голем љубител на спортот и фудбалот и помагател на ФК Сатеска и Богородица Купот. Воедно,од оваа година наградата за најдобар стрелец на турнирот ќе го носи името “Крсте Илинкоски”, велат организаторите.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 340 000 денари. Првопласираната екипа ќе инкасира 200 000 денари, а предвидени се парични награди и за второпласираната во износ од 100 000 денари, третопласираната, 30 000 денари, додека за четвртопласираната екипа, 10 000 денари.
Пријавувањето на екипите е најдоцна до 6 август.
OhridNews