Манчестер Јунајтед со 2-1 како гостин го совлада Ливепрул во супердербито во Премиер лигата. Творец на триумфот за “ѓаволите“ беше Ван Перси кој ладнокрвно го реализираше ударот од белата точка во 82 минута за триумф.


Први до водство дојдоа домаќините преку капитенот Џерард на стартот на вториот дел, а на 1-1 неколку минути подоцна изедначи Рафаел.


“Црвените“ играа еден час со играч помалку по исклучувањето на Шевели по стартот над Еванс.