Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил на 24 мај против Јувентус на Олд Трафорд ќе го одигра последниот натпревар во дресот на “црвените ѓаволи“.



– Благодарен му сум на клубот што ќе ми го подари овој натпревар. Ќе биде емоционална вечер затоа што уште еднаш ќе го носам црвениот дрес – истакна Гери Невил.

Поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил целата фудбалска кариера ја помина во “црвените ѓаволи“ забележувајќи 602 настапи и освојувајќи све на клупски план. Започна во 1992 година како младинец а потоа беше незаменлив на десната бековска позиција.

Мх.П.