Бранителот на трофејот во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед потешко од очекуваното ги освои трите бода во дуелот со Норвич. “Канаринците“ одолеваа на нападите до 68-та минута кога Андерсон со глава ја погоди целта. За мирен финиш на Олд Трафорд прецизен беше Велбек по одличната комбинација со кореанецот Парк.

Дербито на Ливерпул или “мерсисајд“ му припадна на “црвените“ триумфирајќи со 2-0 над Евертон.  Најскапата аквизија на Кени Далглиш, Енди Керол во 71-та мунита стрелаше за 1-0, печат на победата ставу уругваецот Суарез во финишот на мечот.

Резултати: Евертон – Ливерпул 0-2, Мен Ју – Норвич 2-0, Блекбурн – Мен Сити 0-4, Волфс – Њукасл 1-2, Сандерленд – ВБА 2-2, Астон Вила – Виган 2-0.

Табела: Мен Ју 17 бодови , Мен сити 17, Њукасл 15, Челси 13, Ливерпул 13, Астон Вила 11. . .

Мх.П.