Бранителот на трофејот во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед полесно од очекувањата славаше на гостувањето кај Вулверхемптон со 5-0. “Црвените ѓаволи“ со триумфот над “волците“ се одлепија на четири бодови од градскиот ривал Манчестер Сити.


Натпреварите од Премиер Лигата започнаа со аплауз за Муамба.

Голеадата на голот од “вулфси“ ја започна дефанзивецот Еванс, продолжија Валенсија и Велбек, а четвртиот  и петиот погодок за Јунајтед ги постигна Чичарито.

Во вториот натпревар од Премиер Лигата, “страчките“ забележаа минимална победа над Норвич. Стрелец на погодокот вреден три бода, беше новајлијата кај Њукасл, Сисе.

Мх.П