Независниот кандидат менди Ќура поддржан од ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ прогласи победа на локалните избори во Струга каде денеска се одржа втор круг. Според податоците на Државната озборна комисија од преброени 94,06 проценти од гласовите, Менди Ќура има освоено 11621 глас, а кандидатот на коалицијата НАИ предводена од ДУИ Арсим Далипи- 11265.

Нов градоначалник има и Општина Дебрца. Од 99,82 отсто од преброените гласови, кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Златко Силјаноски освои 1507 гласа, додека за актуелниот градоначалник Зоран Ногачески гласале 857 избирачи.

Нов градоначалник има и Кичево каде победа прогласи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Александар Јованоски. Според податоците на ДИК од преброени 89,69 проценти од гласовите за Александар Јованоски гласале 13183 избирачи, додека актуелниот градоначалник и кандидат на НАИ и ДУИ, Фатмир Дехари, освоил 10640 гласа.

Во градот Скопје победа прогласи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Орце Георгиевски.

Г.М.