Мендух Тачи на својот фејсбук профил вечерва објави дека поднесува неотповиклива оставка од лидерската позиција на Демократската партија на Албанците – ДПА.
Со ДПА времено ќе управува Управен совет се до одржувањее на вонреден конгрес, кој дополнително ќе биде закажан.
Мендух Тачи застана на чело на ДПА во 2007 година кога од политиката се повлече Арбен Џафери.
Во последните две години во ДПА владее раскол откако струшкото крило на партијата предводено од Зиадин Села се отцепи и формира нов политички субјект.
OhridNews