На шестиот Конгрес на Демократската партија на Албанците (ДПА), што се одржа денес во Тетово, за претседател на партијата повторно е избран Мендух Тачи.

Од вкупниот број на делегати, односно 692 кои беа избрани во ограноците, на конгресот беа присутни 677, а Тачи како единствен кандидат за претседател на партијата доби апсолутна подршка од сите кандидати.

Во меѓувреме фракцијата на ДПА која ја раководи градоначалникот на Струга, Зијадин Села, најави одржување на уште еден конгрес на ДПА бидејќи оценува дека конгресот на Тачи е надвор од Статутот на партијата.

OhridNews

извор Макфакс