Формирањето на Детската фудбалска лига за југозападниот регион се покажа како полн погодок за фудбалските школи. Тренерот на Академија Пандев, Агрон Мерко потенцира дека овој пример треба да го следат сите спортови во Охрид.


– Спортот во Охрид е на многу ниско ниво, затоа оваа Детска фудбалска лига од се срце ја подржувам. Им честитам за идејата и за организирањето на оваа лига. Но, во Охрид треба да има вакви манифестации во сите спортови за да се збогати спортскиот фонд – истакна Мерко.

Фудбалската школа Академија Пандев се натпреварува во две категории 2000 и 2001/02 и бележи успешни резултати.

Мх.П.