Гони Мерко и фудбалскиот состав на ФК Охрид 2004 спогодбено ја прекинаа соработака. Тренерот Мерко во клубот дојде на неколку денови пред почетокот на сезоната и ги предводеше “рибарите“ на осум натпревари на кои забележа две победи и шест порази.
Од клубот напоменаа дека во наредните неколку денови ќе назначат нов тренер. Во втората македонска фудбалска лига следува пауза поради репрезентативните обврски на македонската селекцијата.
Охридските бели во наредната деветта рунда гостуваат кај аспирантот за висок пласман екипата на Македонија ЃП.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com