Претставници на ДУИ ќе го убедуваат нивниот сопартиец, актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, да не се кандидира за уште еден мандат на локалните избори во 2013 година, jавува „Макфакс“ повикувајќи се на високи партиски извори.
Според нив, Мерко ќе и помогне на партијата доколку своите гласови ги префрли на сметка на партискиот кандидат, наместо сам да се кандидира.
Мерко претходно велеше дека ќе се кандидира за градоначалник на Струга, уште еднаш, макар тоа да не биде под закрила на партијата.
Исто така, за Кичево ќе се бара кандидат за кој би гласале и Македонците.
Според истиот извор, во анкетите кои ги спроведува ДУИ, се проверува рејтингот на Фатмир Дехари, актуелен градоначалник на кичевската општина Осломеј.
Но тој не е конечен кандидат, бидејќи тоа ќе зависи од резултатите од анкетите.
Според изворот, не е чудно доколку во Кичево Советот на општината биде со мнозинство Албанци, а градоначалникот Македонец, или обратно, но се надева дека ќе биде избран достоен човек на таа функција, затоа што Кичево е многу важен македонски центар.
Сепак, негираше дека лидерот на партијата Али Ахмети би трчал за Кичево, на претстојните локални избори, затоа што таа функција е под неговото ниво и не е логично да се впушти во таква трка.
За Чаир, актуелниот градоначалник Изет Меџити ќе има предност пред партискиот портпарол Бујар Османи.
Изворот вели дека ќе се почитува хиерархијата – Меџити е потпретседател на партијата и ако тој сака да се кандидира повторно, тоа ќе биде земено во предвид.
Нашиот извор ги потврди информациите кои ги објавивме пред некој ден, дека за градоначалник на Тетово се прават анкети за угледот на Фатмир Бесими, Хазби Лика и неколкумина други, пишува „Макфакс“.
Во Гостивар најверојатно трката за градоначалник ќе ја води актуелниот министер за локална самоуправа и поранешен градоначалник на овој град, Невзат Бејта, но се опипува расположението на народот и за други кандидати како Талат Џафери, Аднан Јашари и Неџати Јакупи.
Сепак извори од ДУИ велат дека многу е рано да се излезе со конечни имиња, кои би требало да се тркаат за градоначалници во март 2013 година, за кога се закажани локалните избори.
Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање...
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на РЦСОО „Ванчо Питошески“, во присуство на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, секретарот Александар Китески, вработените и учениците...
На 16102026 во 09:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 48-годишно лице од Охрид При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „црв...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.