Мерко: Надлежностите на општинскиот градежен инспекторат неосновано се одземени
08.11.10 08:00
Одлуката на Министерството за транспорт и врски на општинската градежна инпсекција во Струга времено да и бидат одземени надлежностите поради тоа што не постапила според законот во случајот со изградбата на џамија во Горна Белица, според локалната самоуправа е тенденциозна. Градоначалникот Рамиз Мерко тврди дека спорниот верски објект се гради легално и во согласност со Месната заедница. Тој презентираше договор склучен помеѓу Месната заедница и лице од Радолишта кое правото на градба подоцна го отстапило на Исламската верска заедница, што според градоначалникот потврдува дека спрорната градба е легална.
-Во Горна Белица повеќе од 20 години се градат објекти, викенд куќички, цркви и друго, со договор кој сопствениците го склучуваат со претседателството на Месната заедница. И во овој случај е направен договор со Месната заедница на Горна Белица, во кој стои дека Месната заедница дава согласност за локација, местото и одобрение за градба, за што и наплатува. Тоа е една одлука на бившиот Извршен совет која се’ уште е на сила и според истата Месната заедница работи повеќе од две децении, изјави за OhridNews, градоначалникот Мерко.
Според Мерко одлуката на државните институции претставува директен атак врз општината, што може да има последици и врз меѓуетничките односи во Струга.
-Ние работиме на подобрување на меѓукултурните и меѓуконфесионалните односи во овој мултиетнички град, но некој сака тука да создава тензии. Локалната самоуправа како до сега, така и во иднина ќе се придржува до законот и нема да дозволи ниеден објект нелегално да се гради и нема да дозволи изградба на објекти кои внесуваат раздор во меѓуетничките односи. Но, во Горна Белица во договор со Месната заедница се изградени преку 200 објекти меѓу кои и три цркви. И џамијата се гради легално со дозвола од Месната заедница и затоа рацете треба да се држат подалеку од Горна Белица.-вели Мерко.
Мерко вели дека државата згрешила
Иако изградбата на џамијата во Горна Белица, наиде на отпор кај тамошните жители, кои изминатото лето излегоа и на протести, градоначалникот Мерко тврди дека иницијативата ја има поддршката од најголемиот дел на жителите на викенд населбата.
И покрај обидите не успеавме да добиеме официјално мислење од Месната заедница на Горна Белица, но во разговор со жители од селото бевме информирани дека тие и натаму остануваат на ставот дека изградбата на џамијата во викенд населбата е бесправна и треба да се стопира.
На 27 Јуни преку австралиската музичка куќа M2MR Recordings ќе биде издадена серија на rемикси од авторската композиција на Четкар ‘Don’t Make Me Wait’ ремиксана од страна на свет...
Дваесет талентирани средношколци од СОСУ „Св Кирил и Методиј“ – Охрид, од насоката дигитален маркетинг, вчера блеснаа со својата креативност, иновативност и претприемачки дух На хакатонот „Хајделбе...
Што е тоа финансиска писменост, колку сме финансиски писмени едуцирани Дали и како знаеме да управуваме со нашите пари и зошто тоа е важно во времето во кое живееме На овие теми во Интервју на Охри...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.