16 ноември е Светски ден на толеранцијата. По тој повод градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко со порака во која вели дека како градоначалник на општина во која се живее во едно мултикултурно, мултиетничко но и општество кое сака да се развива со светските трендови би сакал да се почитуваме меѓу себе и да сме толеранти.
Универзалната дефиниција за толеранција преставува почитување, прифаќање и уважување на богатствата од различности во светските култури и таа е форма на изразување и начин да бидеме луѓе. Толеранцијата подразбира волја и способност да се прифати и да се дозволи различноста, било да се работи за разликите во политичките уверувања, верските и расните уверувања, или пак за разликите меѓу половите. Секојдневно се залагаме Струга да биде пример за толеранција и заедничко живеење, вели Мерко.
OhridNews












