На едно просечно честиричлено семејство во август 2014 година му биле потребни околу 520 евра или точно 31.880 денари само за да ја покрие минималната синдикална потрошувачка кошничка, пресмета Сојузот на синдикати на Република Македонија.
Според табеларниот приказ од ССМ, за месец август биле потребни:
13.351 денари за Исхрана и пијалоци
10.218 денари за Домување
2.171 денари за Хигиена
2.339 денари за Превоз
2.059 денари за Облека и обувки
1.070 денари за Култура
668 денари за Одржување на здравје
Инаку според последните пресметки на Државниот завод за статистика просечната нето плата во Република Македонија изнесува 21.350 денари.
OhridNews
Вечерва забава во Кадмо бар со „The sound messengers“ Ерик Фокс и Симона Попоска