По повод Светскиот ден на дијабетот, 14-ти ноември, ПЗУ „Дарон“ за прв пат ја организира акцијата “Месец на дијабетот во ДАРОН“, која во иднина е планирано да прерасне во традиционална активност за поддршка и помош на дијабетичарите во Охрид.

Акцијата која ПЗУ „Дарон“ ќе ја реализира во соработка со Здружението на дијабетичари од Охрид, e поддржана од Лајонс клубот „Охрид“.


Во текот на месец ноември охриѓани во ПЗУ „Дарон“ ќе можат бесплатно да измерат гликолизиран хемоголобин, попознат како тримесечен шеќер  (HbA1c). За таа намена обезбедени се за почеток 120 тестови, а доколку има поголем интерес ќе бидат обезбедени дополнителни 120 тестови, информираат од ПЗУ „Дарон“.

Акцијата започнува на 01.11. и ќе трае до 30.11.2011. За таа намена ПЗУ „Дарон“ и Здружението на дијабетичарите Охрид изработија ваучери со соодветни ознаки, со кои сите заинтересирани ќе може бесплатно да направат лабораториски анализи за тримесечен шеќер.

Ваучерите заинтересираните лица може да ги подигнат преку Здружението на дијабетичерите Охрид на ул. „Јане Сандански“  бр. 11.

OhridNews