Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, нема да настапи за аргентинската репрезентација на претстојните два натпревари во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар за да може целосно да се рехабилитира по прележаниот коронавирус, јавија денеска француските медиуми.

Аргентинскиот напаѓач беше позитивен на коронавирусот на 2 јануари и оттогаш отсуствува од составот на францускиот прволигаш.

Аргентинската репрезентација веќе обезбеди пласман на Мундијалот во Катар, а следните два натпревари во рамки на јужноамериканските квалификации ќе ги игра против Чиле на гостински терен, на 28 јануари, и два дена подоцна на домашен терен против Колумбија.

Меси за Аргентина досега одигра 158 натпревари на кои постигна 80 голови.

OhridNews