Во пријателскиот фудбалски натпревар Аргентина на гости ја совлада
Гватемала со 4:0, а најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси постигна
три гола со што го престигна легендарниот Диего Армандо Марадона на
листата на најдобри стрелци во националната селекција.

Лионел Меси погоди во 15-та, во 40-та од пенал и во 48 минута, а во 35-та минута гол постигна и Аугусто Фернандез.

Со тоа Меси стигна до бројката од 35 голови во репрезентацијата на
Аргентина, колку што има постигнато и Ернан Креспо.

Диего Марадона во
текот на неговата кариера постигна34 погодоци, а најдобар аргентински
стрелец во дресот со националниот грб е Габриел Батистута со 56 голови.

“Макфакс“