Екипата на Барселона минува низ еден тежок период откако за една недела испадна од трката за титулата во Ла Лига и Лигата на Шампиони. Елиминацијата од Атлетико Мадрид, а пред се поразот од Гранада ја прели чашата на навивачите кои се бесни на нивните миленици и тренерот Тата Мартино. По неуспехот на гостувањето во Гранада најверните навивачи на каталонците ги чекаа своите миленици на Ноу Камп, а Лионел Меси и останатите фудбалери им побегнаа на навивачите кои сакаа да поразговараат со нив.
Мх.П.