Лионел Меси е избран за најдобар фудбалер на Европа за сезоната 2010/2011.На церемонијата по извлекувањето на групите во Лигата на Шампиони, аргентинецот ја доби престижната награда од рацете на претседателот на УЕФА, Мишел Платини.


– Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои гласаа за мене и на моите соиграчи. Овие награди ги чувам дома, таму се уште имам место за нив. Мојата мотивација доаѓа од фактот дека играм за голем клуб, со структура која ми дозволува да бидам успешен“, рече на церемонијата во Монако, Лео Меси.

Меси за Барселона постигна 53 погодоци, од кои 12 во Лигата на шампиони, каде трета година по ред е најдобар стрелец во ова натпреварување.

Ohridnews