Со погодокот на Лионел Меси од пенал во 77-та минута екипата на Барселона забележа минимална победа во градската пресметка со Еспањол.
Трката за титулата во Ла Лига се вжештува и секој бод е драгоцен затоа радоста по завршување на натпреварот беше голема во составот на каталонците.
Резултати : Еспањол – Барселона 0-1, Селта – Севилја 1-0, Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид 1-2, Реал Мадрид – Рајо Валјекано 5-0.
Ситуацијата на табелата останува иста лидер е Атлетико Мадрид со еден бод предност пред Барселона и три пред градскиот ривал Реал Мадрид.
Мх.П.