На најдобриот фудбалер на планетата земја, Лионел Меси му недостасуваат уште два погодоци да го достигне легендарниот бразилски фудбалер Пеле во голови постигнати во календарска година.

Меси во триумфот над Рајо Ваљекано од 5-0 постигна два погодоци и стигна до 73 голови во една календарска година.

Лидер по постигнати голови во една година е германскиот напаѓач Герд Милер со 85 погодоци.

Мх.П.