Лионел Меси го делат шест погодоци да го престигне врвниот голгетер Герд Милер во постигнати голови во една календарска година. Аргентинецот во победата на Барселона во Москва против Спартак во Лигата на Шампиони (3-0) беше стрелец на два погодоци што значеа 79-от и 80-от гол сезонава. Германската машина за голови Милер има постигнато вкупно 85 погодоци, а Меси сериозно го загрозува неговиот рекорд.

Мх.П.