За разлика од Барселона со која освои сé што може да се освои во клупските натпреварувања, најдобриот фудбалер во светот последните години, Лионел Меси, во дресот на аргентинската репрезентација ниже само разочарувања.


Пред почетокот на квалификациите за Светското фудбалско првенство коешто ќе се одржи во најголемиот ривал на неговата Аргентина – Бразил, Лионел Меси на навивачите на „гаучостите“ им порача дека е силно мотивиран,. Но дека сепак не може сé самиот.

Фудбалот е колективен спорт и ниеден играч не може сам да победува. Тоа важи и за Аргентина, но и за Барселона, па и за која и да е друга екипа. Не можам сé самиот, важно е да се игра како тим“, порача Меси пред натпреварот со Чиле кој треба да се одигра во петок во аргентинската престолнина Буенос Аирес. Три дена подоцна селекцијата на Аргентина, пак, гостува во Венецуела.

„Меси во дресот на репрезентацијата постигна 17 голови, а намести многу повеќе од кој и да е друг. Нема причини за критики за неговите игри, бидејќи тој секогаш максимално се труди“, рече аргентинскиот селектор Алехандро Сабела.

Во јужноамериканските квалификации за Мундијалот во 2014 година се натпреваруваат девет репрезентации, бидејќи Бразил како домаќин автоматски се квалификува. Првите четири репрезентации директен пласман за првенството, додека петтата ќе настапи во дополнителни квалификаци.

“извор Макфакс“
Ohridnews