Како што се доближува моментот за првото “Ел Класико“ сезонава така расте тензијата во Шпанија. Секојдневно се пишуваат вести за дуелот на Барселона и Реал, се ваѓаат статистики кој како играл, кој колку гола постигнал.

Секогаш главна тема во медиумите се Кристијано Ронадло и Мурињо од страната на Реал додека од Барселона актуелен е Лионел Меси. Фудбалерот на “блауграната“ важи за тивок и смирен фудбалер, во изјава за шпанските медиуми Меси го отвори срцето за односот со “непознатиот“ Мурињо.

Со тренерот на Реал Мадрид не разговарам бидејќи не го познавам и неможам да кажам каква личност. Можам слободно да кажам за неговите тренерски успеси кои се фантастични. Фудбалерите на кои им бил тренер го ценат многу, тоа значи дека многу добро работи со нив – истакна Меси.

Аргентинецот во дресот на Барселона, Лионел Меси со 15 погодоци во “Ел Класико“ моментално е водечки стрелец од активните фудбалери во екипите на Барселона и Реал Мадрид.

Мх.П.