Официјална разврска доби случајот Лионел Меси и Барселона. Капитенот на каталонците ќе остане на Ноу Камп, но си ја отвори душата и потврди дека сакал да си замине. Меси зборуваше за одлуката и ги обвини првите луѓе на клубот дека работат катастрофално.

Не бев среќен и сакав да заминам. Не ми беше дозволено да го направам ова на никој начин и ќе останам во тимот за да не влеземе во легална борба. Водството на клубот предводен од Жосеп Марија Бартомеу е катастрофа.

Кога на семејството му кажав дека сакам да заминам, беше брутална драма. Цело семејство плачевме, моите деца не сакаат да си одат од Барселона. Но, јас сакам да се натпреварувам на највисоко ниво и во Лигата на шампионите. Мораш да се натпреваруваш, а не да се распаѓаш како што направивме во Рим, Ливерпул, Лисабон.

Мислев и бев сигурен дека можам да заминам бидејќи претседателот секогаш го велеше тоа. Сега се држат до тоа дека не сум го објавил до 10 јуни, кога во тој период се боревме за титулата од Ла лига и со овој страшен корона вирус кој ја помести сезоната. Затоа нема да продолжам со клубот. Ќе останам уште една сезона бидејќи претседателот ми кажа дека единствен начин да заминам е да се платат 700 милиони евра што е невозможно. Имаше и друг начин, да одам на суд. Но, не сакав да одам на суд против Барса, бидејќи тоа е клубот кој го сакам и кој ми даде многу откако пристигнав. Го направив мојот живот тука. Не помислив да одам на суд. – стои во писмото од Меси.

 

Договорот помеѓу Меси и Барселона ќе претрпи измени. Фудбалерот после завршување на сезоната која доаѓа ќе може да замине како слободен агент и без евро оштета да засили друг клуб.

OhridNews