Најдобриот фудбалер на планетата Лионел Меси не е во најдобра форма и на последните четири натпревари во „Ла Лига“ нема постигнато погодок. Но, и покрај тоа Барселона ниже успеси благодарание на Нејмар и Санчез кои играат во перфектно.

Токму бразилско – чиленаскиот тандем беше творец на победата на каталонците против градскиот ривал Еспањол 1-0.
– Натпреварите со Еспањол се секогаш многу тешки затоа се важни само бодовите. Моите голови не се важни кога екипата победува, а се надевам дека за брзо и ќе стигнат – потенцираше Аргентинецот.
На листата од стрелци Меси е на третата позиција зад Диего Коста од Атлетико Мадрид и Кристијано Роналдо, но Барселона е лидер на табелата во Примера.
Мх.П.










