Прволигашки фудбалски клуб од Русија чие име засега официјално не се
објавува понудил како обештетување за аргентинскиот фудбалски ас Лионел
Меси сума од 250 милиони евра, како и годишна плата од 30 милиони евра
за фудбалерот, меѓутоа Меси ја одбил понудата.

Иако не се наведува името на рускиот прволигаш, спортскиот весник со
милионски тираж El Mundo Deportivo претпоставува дека станува збор за
Анжи од Махачкала, во руската кавкаска република Дагестан, чиј
сопственик е милијардерот Сулејман Керимов.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата во договорот со Барселона има
отштетна клаузула од 250 милиони евра што рускиот клуб сакал да го
искористи, но Меси не ја прифатил понудата туку го продолжи договорот со
својот досегашен клуб до 2018 година.

Инаку поранешниот напаѓач на Барселона, Камерунецот Самуел Ето минатата
година мина во Анжи стана најплатениот фудбалер на светот со годишна
палта од 20 милиони евра.

“Макфакс“