Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, четврта година по ред е прогласен
за најдобар играч и напаѓач, во изборот на Професионалната шпанска лига.

Наградата се доделува, според гласовите на играчите и тренерите од шпанската Прва и Втора лига. Меси, кој минатата сезона постигна 50 голови, во конкуренција за
најдобар напаѓач во Примера го победи Кристијано Роналдо, кој постигна
46 погодоци, а на третото место се најде уште еден играч на Реал, Карим
Бензема, стрелец на 21 гол.

За најдобар тренер во минатата сезона е избран екс тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола. Најдобар офанзивен играч од редот за врска е Андрес Иниеста од
Барселона, наградата тој ја доби пред Санти Казорла (Малага) и Месут
Езил (Реал Мадрид), додека најдобар дефанзивен играч од редот за врска е
Чаби Алонсо (Реал Мадрид).

Кај фудбалерите на Реал заминаа уште две индивидуални награди – Серхио
Рамос е најдобар дефанзивец, а Икер Касиљас најдобар голман.Капитенот на Барселона, Карлес Пујол ја доби наградата за фер плеј, а откритие на сезоната е Иско од Малага.

“Макфакс“