Викендов што е зад нас сведоци бевме на неколку епски дерби средби, во Шпанија се играше “Ел Класико“ во Франција играа Марсеј – ПСЖ додека во Италија, “дерби де ла мадонина“.


Во такви натпревари се познаваат големи фудбалери, својата класа ја потврдија Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои беа стрелци на двата голови ремито на Барселона и Реал Мадрид.

Дербито во Франција помеѓу Марсеј и ПСЖ заврши без победник 2-2 и стрелци на двата голови за своите екипи беше еден фудбалер Жињак односно швеѓанецот Ибрахимовиќ.

“Дербито за Италија“ или “дерби дела мадонина“ не ги опрадва големи очекувања за квалитетен фудбал. Во тие околности се снајде Интер кој славеше со 1-0, стрелец на голот беше Самуел во 4-та минута.

Мх.П.