Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси беше само гледач на демолирањето на Барселона на Ноу Кам од страна на германската машинерија Баерн Минхен. Меси е повреден и тренерот Тито Виланова не сакаше да ризикува и да стартува со повредениот фудбалер. Аргентинецот немаше потреба да влегува во игра, бидејќи “црвените“ не оставија ништо на случајност и ја финишираа “грогираната“ Барселона купувајќи си билет за Лондон.

Севкупната елиминација од 7-0 е најубедливата на Барселона во својата клупска историја.