На домашен терен екипата на Барселона славеше убедлива победа совладувајќи ја Осасуна со 7-0 што е највисока сезонава во „Ла Лига“. Три од седумте погодоци за каталонците постигна Меси и изби на врвот на листата стрелци во историјата на Барселона. Покрај аргентискиот ас мрежата на гостите ја погодија Алексис Санчез, Педро, Иниеиста и Мичeл Телјо.

Резултати : Барселона – Осасуна 7-0, Елче – Бетис 0-0, Севилја – Валјадолид 4-1, Реал Сосиедад – Валенсија 1-0.

Табела : Реал Мадрид 70, Атлетико Мадрид 67, Барселона 66…

Мх.П.