Новиот стручњак на клупата од Барселона Кике Сетиен имаше старт со победа на Ноу Камп откако неговите избраници со минимални 1-0 (0-0) ја победија екипата на Гранада.

За победничко добре дојде во Барселона на новиот тренер се погрижи Лионел Меси. Репрезентативецот на „гаучосите“ во 76-та минута со погодок ја круниса тимската акција. Гранада која во меѓувреме остана со играч помалку немаше сила да постигне погодок и извлече позитивен резултат.

Резултати:

Мајорка – Валенсија 4-1

Бетис – Реал Сосиедад 3-0

Виљареал – Еспањол 1-2

Атлетик Билбао – Селта Виго

Барселна – Гранада 1-0

Табела: Барселона 43, Реал Мадрид 43, Атлетико Мадрид 35, Севиља 35, Гетафе 33..

OhridNews