Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси среде мадрид ќе го брка рекордот на најголемата фудбалска легенда на Реал Мадрид, Алфредо ди Стефано. Меси во досегашните настапи во “Ел Класико“ има постигнато 17 голови, наспроти неговиот сонародник Ди Стефано, кој застанал на 18.

Четири од овие 18 погодоци, најдобриот фудбалер на планетата ги постигна на последните два натпревари. Покрај мечот во полуфиналето, Меси за рушење на рекордот ќе има уште две прилики.

Лутите ривали ќе се сретнат на Ноу Камп во ревашн дуелот од Копа дел Реј и натпреварот од Ла лига на Сантијаго Бернабеу.

Мх.П.