Една недела откако доби казна од 1.500 долари и суспензија на еден натпревар поради црвениот картон што го доби на мечот против Чиле, на Копа Америка, КОНМЕБОЛ ја соопшти и втората казна за најдобриот аргентински фудбалер.

Меси е казнет и за коментарите што ги дал по завршувањето на полу-финалето со Бразил (0-2). Тој тогаш рекол деа КОНМЕБОЛ се корумпирани и дека однапред било познато дека Бразил ќе се шампиони.

Паричната казна поради изјавата е 50.000 долари, а исто така тој доби три месечна суспензија.

Казната важи од денес што значи дека Меси ќе пропушти три пријателски натпревари на аргентинската репрезентација, против Чиле, Мексико и Германија.

Казната нема да важи за почетокот на квалификациите за Светското првенство во Катар.

OhridNews