Првата виолина во Барселона и аргентинската селекција, Лионел Меси ја освои  „Златната Топка“, која ја доделува престижниот француски весник „Франс Фудбал“ за најдобриот фудбалер во годината. Аргентинецот со новата награда вкупно шеста во кариерата стана фудбалер со најдобар учинок. Пет пати на престижната награда се радувал Кристијано Роналдо.

  • Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене, на моите соиграчи со кои победувам и губам. Се сеќавам дека прв пат кога ја добив оваа награда во Париз дојдов со моите браќа, а сега сме сите заедно и навистина неверојатно е чувството. Никогаш не престанав да сонувам и уживам додека играм фудбал, а така ќе биде и до крајот на мојата кариера. Свесен сум дека влегувам во завршната фаза од мојата кариера, но ќе играм додека уживам и можам да направам нешто корисно на терено. – изјави Меси.

32-годишниот фудбалер прв наградата ја освои 2009 година. Потоа следуваа наградите во 2010, 2011, 2012, 2015 и годинава. Во изборот годинава Меси зад себе ги остави дефанзивецот Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо.

OhridNews