Европа не врши доволно притисок за да дојде до решавање на македонско- грчкиот спор,смета поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ, кој е во посета на Охрид.

Од македонска страна, станува збор за јазикот и името на државата што е национално прашање.  Од друга страна, за Грција тоа е политичко прашање кое мора и политички  да се реши , но при тоа не претставува национално прашање. Тоа нема влијание врз животот во Грција, Но за жал, од грчка страна нема доволно разбирање , но според  мене не се врши и доволно пристиок од Европа тоа прашање да се реши, бидејќи сите  земји од ЈИЕ мора да влезат во Европската Унија, смета Месиќ.

Екс хрватскиот претседател додава дека дури кога ќе дојде до здружувањето, Европа ќе биде голем светски играч.

Мора да се здружат сите потенцијали, кога тоа ќе се направи и се отворат границите во Европа, ќе се исклучи и војната како политичко средство, бидејќи секогаш се војува за туѓи територии. Секој од народите ќе живее во таа заедничка Европа и нема да има мотив да се менуваат границите, вели Месиќ.

Според него Европската унија е најелитниот политички клуб во светот и за да се влезе во него, треба да се исполнат одредени услови.

Јасно е дека и ЕУ не е совршена и мора да реши некои свои институционални проблеми за да може да функционира, но несреќа е тоа што се здружува во време на светска криза. Тоа ќе се преброди бидејќи европското здружување нема алтернатива и сите земји од ЈИЕ мора да влезат во Унијата, додаде поранешниот хрватски претседател, Стипе Месиќ.

Т.К.