Новата сезона во ракометната Супер лига започна со девет место со десет екипи како што беше вообичаено последниве неколку години.

Од играње во елитата се откажа Младост од Богданци, кој не успеа да обезбеди финансиски средства за плаќање на котизација која гарантира учество во лигата. Затоа ракометарите на Еурофарм Работник немаа меч во првата рунда и беа слободни.

Охридските ракометари со триумф над Вардар Јуниор ги започнаа мечевите, а победи забележаа уште Радовиш со 25-24 против Пелистер и Металург 2 над Прилеп 31-28. Гостински поен во првата рунда освои само Борец, кој ремизираше 28-28 со Пролет во Скопје.

Резултати: Охрид – Вардар Јуниор 30-22, Радовиш – Пелистер 25-24, Пролет – Борец 28-28, Еурофарм Работник – Младост, Металург 2 – Прилеп 31-28.

Табела: Охрид 3, Металург 2 3, Радовиш 3, Пролет 1, Борец 1, Пелистер 0, Прилеп 0, Вардар Јуниор 0, Еурофарм Работник.

Двојки 2. рунда: Пелистер – Металург 2, Еурофарм Работник – Охрид, Прилеп – Пролет, Вардар Јуниор – Радовиш.

OhridNews