Новиот менаџер на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини на првата пресконференција за новинарите ветуваше победи над градскиот ривал Јунајтед место титули. Минатата сезона до трофејот во Премиер лигата стигна Манчестер Јунајтед, а вицешампионската позиција им припадна на „граѓаните“.
– Најважната работа за овој клуб е да се победи Манчестер Јунајтед. Дојдов овде за да ве уверам дека ќе ја постигнам таа цел. Имам искуство во натпреварите против Јунајтед – рече Пелегрини.
Чилеанецот во својата тренерска кариера два пати се сретнал со „црвените ѓаволи“ и тоа во Лигата на Шампиони кога беше тренер на Виљареал.
Во Премиер лигата, Пелегрини дојде од Малага, со која стигна до 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com