Скриено меѓу планини, долго време заборавено, па повторно откриено, селото Скребатно и неговата околина нуди природа и чист воздух. Оддалечено од Охрид 15-тина километри, а од Лескоец девет. Многу луѓе со потекло од ова до скоро напуштено село живеат во Лескоец (таму има дури и „Скребатска маала“) и во Охрид. Дел од нив се сложиле дека нивниот роден крај треба повторно да заживее, па си формирале одбор и секој со посебна задача успеале да направат простор за излет што плени. Има ѕидани скари, чешми, клупи од дрво, корпи за отпадоци, тоалети. Се` е средено и бесплатно. Единствен услов е да не оставате отпадоци зад себе. Идеално е за играње до изнемоштеност на децата кои дента кога бевме ние ги имаше барем 60-тина.
Чист воздух и зеленило. Скребатно.
Идеално за викенд скара
Инаку централна „фигура“ во широкиот убав простор е црквата „Св. Богородица“ изградена и оградена со камен. Неодамна е направена импресивна 15 метри висока камбанарија која доминира во погледот одозола, кога се приближувате кон селото по асфалтиран пат. Мештани и гости, посебно за време на големите христијански празници ја користат кујната и трпезаријата веднаш покрај црквата.
Убавина. Црквата Св. Богородица
Во време на безработица и тежок живот во градот, ваквите иницијативи и нови алтернативи даваат надеж за развој на селскиот, излетничкиот па и верскиот туризам. Скребатно е место кое може да биде многу добра и интересна туристичка понуда.
Во време кога интернетот во Македонија сè уште ги правеше првите чекори, во 2006 година се појави портал што ги постави темелите на новото, дигитално новинарство Таа година беше роден OhridNewscom ...
Чествувањата по повод празникот на патронот на градот – Св Климент Охридски, продолжуваат денеска на пладне со Фолклорна смотра на ансамблите од Југозападниот регион, што ќе се одржи во НУЦК ...
Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди Во северозападните региони ќе има слаб локален дожд Ќе дува слаб до умерен в...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.