Металните контејнери за отпад  од градските улици во Охрид, од денес , се заменуваат со пластични. Новите 200 пластични контејнери се набавени со средства од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

Пластичните контејнери  имаат неколку предности во однос на металните затоа  се одлучивме на оваа опција. Во тежина се трипати полесни, полесни се за манипулација, подигање и ставање на самото место. Имаат капак и доколку граѓаните правилно го користат,  односно отвораат и затвораат   нема да се  шири лоша  миризби во околината, а во контејнерот   нема да влегуваат животни   кои  досега многу често го разнесуваа отпадот по улица, изјави директорката на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа. Таа упати апел до охриѓани правилно да ги користат новите контејенри и да се воздржат од фрлање запалливи материи, пепел и жар во истите.  

Дел од постоечките метални контејнери  кои  беа во  централното градско подрачје ќе бидат употребени за собирање отпад  на периферните улици и селски населби.

OhridNews